БИМ Свети Николе АД, лани, во периодот Јануари – Декември оствари позитивен финансиски резултат од вкупно 31.211.000 денари.

„Искажаната добивка е резултат на зголемената побарувачка и реализација на производите на БИМ поточно на зголемените приходи и намаленото учество на трошоците во вкупните приходи.

Во неревидираниот Биланс на успех, остварените приходи од продажба изнесуваат 307.002.000 денари и тие се за 25% поголеми во споредба со приходи од продажба остварени во 2014 година кога изнесуваа 245.186.000 денари. По структура на застапеност приходите од домашен пазар учествуваат со 40%, додека од странскиот пазар со 60%“, информираат од компанијата.

Шест светиниколчанки , членки на Организацијата на жени во неделата учествувале на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2016“. Настанот се одртжа во Винаријата Еленов во Демир Капија, во организација на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот „Цене“ и општина Демир Капија.

Три години затвор – ова е казната што судијата Сашко Георгиев од Основниот суд во Штип му ја одреди на полицаецот од Свети Николе, Бранко Петков за убиство во нужна одбрана. Роднините на починатиот Далибор Илиевски ја дочекаа пресудата шокирани, така што мајката на Далибор револтирано праша дали судот донесе вака мала казна за убиство, само поради тоа што тие имаат темна боја на кожата.

Статистиката покажа дека жените во Свети Николе најмногу заболуваат од рак на дојка. Оваа информација ги поттикна активистките на Организацијата на жени од овој град да превземат активности за набавка на медицинскиот апарат мамограф. Работеа посветено, упорно, стручно и пожртвувано на својата иницијатива и на уште неколку други полиња од општественото живеење во локалната заедница. Тоа не остана не забележано бидејќи  токму новинарите од источниот регион на државата преку регионалниот центар  „Исток“, дел од Здружението на новинари на Македонија, лани во месец мај им додели признание за најуспешна организација.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.