Ужасно жешко време на запад и на север од Европа
Опасен топлински бран ги зафати западните и северните делови на Европа, а неговиот врв се очекува денеска, но и за време на викендот.
Средиштето на топлинскиот бран се наоѓа на запад во Франција, дносно на исток во Германија, а иако врвот на топлинскиот бран се очекува за денеска, метеоролошката страница AccuWeather јавува и дека многу високи температури се очекуваат во текот на викендот, а иста прогноза има и Severe Weather Europe.
Паѓаат рекорди во Велика Британија
Како што јави Guardian, во Велика Британија паѓаат рекорди, а се појавија и неочекувани проблеми поради жешкото време. Температурата почна да влијае на железничкиот сообраќај, па возовите возат поспоро. Нив ги успоруваат и силните бури на северот од земјата, кои прдизвикаа прекин во сигнализацијата.
Покрај тоа, топлинскиот бран се поклопи со еден од најпрометните денови во Велика Бртианија, кога учениците завршуваат со училиштето, а денеска се очекува многумина да заминат на патување. Тоа доведува до уште една опасност, како прегреани автомобили.
Топлинскиот бран влијае и на животните, па ветеринарите велат дека толку диви животни не прегледале со години.
Бртианските метеоролози за денеска најавија темепратури од 37 степени Целзиусови, со што би се урнал рекордот од 36,7 степени од 2015 година. Британците очекуваат бури денеска, но BBC јавува дека и следната недела ќе биде прежешко.
Во Холандија соборени 15 рекорди
Како што јави NL Times, во Холандија се урнати 15 рекорди. Холандија трет ден по ред мери температури над 30 степени Целзиусови. Температурните рекорди соборени се на 15 различни метеоролошки станици од 33 поставени во земјата.
Нивниот метеоролошки институт издаде портокалово предупредување поради жештините уште во средата и уште е на сила. NL Times потсетува дека последниот топлински бран е од 2015 година од кога Холандија ги бележи рекордит. Се очекуваат уште жешки денови.
Металот на мостовите толку се загреал што тие не можат да се отворат за да поминат бродови под нив. Затворен е мост во Фиесленд, но и 12 мостови во Амстердам.
Исто така, затворен е делот во Зоолошката каде се макаки мајмуните, чие живеалиште е отворено за луѓе, но бидејќи има многу камења, температурата достигнала 50 степени, па не е безбедно за посетители.
Се топи aсфалтот, а угинаа и многу риби во едно езеро. Се развиваат и опасни алги.
Во Франција се бележат највисоки температури од 1976 година
Во Франција температурите ноќеска паднаа само на 24,6 степени, а метеоролозите јавуваат дека такви температури не се забележани од 1976 година, пренесе The Local.fr. Французите како и остатокот од Европа очекуваат бури и дождови за да се намалат температурите.