Волци напаѓаат стада овци во реонот на Чашка
Наезда на волци во Чашка. Крволочните животни деновиве ги нападнаа стадата говеда и овци во реонот на селата Плевење, Мартолци, Стари Град, Крива Круша и Ново Село. Гладните волци, чиj број, според сточарите се движи од педесет до осумдесет, го нападнале стадото говеда на Веле Трајков, од селото Плевење и му удавиле три телиња.
„Тешко може човек да се одбрани од прегладнетите волци. Стадото , кое беше во шумата, беше нападнато од десетина волци и ми однесоа три телиња. Благодарение на пушката успеав да ги спасам останатите говеда. Ова не е прв пат. Волци имало секогаш но, како оваа година не паметам. Досега ми удавија неколку телиња и неколку говеда. Барам од ловното друштво да се организира хајка“, рече Трајков .
И другите сточари од овој регион велат дека годинава имало енормно голем број на волци. Од стадата овци во Стари Град, Крива Круша и другите села, волците „заклале“ повеќе од триесетина јагниња и овци и крупен добиток. Сточарите веруваат дека сега со пуштањето на ловот на 11 октомври, ловџиите ќе отстрелаат дел од овие крволочни животни./С.А.