Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Изборниот ден на вториот круг на шестите локални избори во општина Чашка каде граѓаните избираат Градоначалник на општината на едно избирачко ливче со двајца кандидати, тече без проблеми но со 10 % помала излезност во споредба со првиот круг одржан пред четиринаесет дена. Сите 30 избирачки места на подрачјето на општината беа отворени утрово во 7 часот и до 17 часот не е регистриран прекршок или инцидент, рече Претседателот на Општинската изборна комисија, Марјан Јовановски.

- Според Единствениот избирачки список денеска, во вториот круг на шестите локални избори, право на глас имаат вкупно 6.017 граѓани. Од нив до 17 часот излегоа и гласаа вкупно 2.607 избирачи или 43,36% од гласачите. До 13 часот одзивот изнесуваше 25,47% и до 10 часот 8,40%. Тие избираат Градоначалник од предложени двајца кандидати на две политички партии. Одзивот е помал во споредба со првиот изборен круг за 10%, рече Јовановски.

Проценките на ОИК Чашка се дека првичните резултати на денешниот изборен ден и новиот Градоначалник ќе можат да ги соопштат околу 22 часот.

Пред две недели граѓаните на оваа општина го избраа Советот кој е составен од кандидати на четири политички партии. Од нив две се македонски и две се албански партии. /У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.