Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кандидатот за Градоначалник на Чашка од коалицијата предводена од СДСМ, Горан Стојановски веќе ја слави победата на плоштадот пред зградата на Општината. Според информациите на изборниот штаб на оваа коалиција Стојановски на 10 од вкупно 11 избирачки места во општината освоил 2005 гласови наспроти актуелниот Градоначалник Горан Пановски кој на овие избори е кандидат од Народното движење за Македонија со освоени 745 гласови.

Но, во овие податоци не се вкалкулирани резултатите од едно избирачко место каде недостига едно избирачко ливче, наместо 400 таму биле евидентирани 399 гласачки ливчиња. Овие информации не се потврдени од претседателот на Општинската изборна комисија Марјан Јовановски туку од набљудувачи на изборниот процес. Според последната комуникација со Јовановски првичните резултати ќе можат да се соопштат после 22 часот.

Инаку, во Чашка денеска право да гласаат имаа вкупно 6.012 граѓани на вкупно 11 избирачки места./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново