Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Oпштинската изборна комисија на Чашка врз основа на конечните резултати од спроведените Локални избори ги додели Уверенијата за Градоначалник и членови на Советот на Општина Чашка.

И официјално Горан Стојановски од коалицијата предводена од СДСМ ја презема функцијата Градоначалник на Општина Чашка.

Стојановски на присутните им ги честита мандатите на членовите на Советот и им посака успешна работа во претстојниот четиригодишен период со цел заеднички да ги исполнат ветените проекти пред жителите на Општина Чашка.

По свеченото доделување и приемот на Уверенијата беше конституиран и Советот кој ја одржа првата конститутивна седница на која беа верифицирани мандатите и беше избран Претседател на Советот на Општина Чашка.

За Претседател на Советот со мнозинство гласови е избран Фемих Бејлуров кој доаѓа од коалицијата Заедно за подобра иднина. Инаку новиот Совет на Општина Чашка брои 11 членови од кои 4 од коалиција предводена од СДСМ, 3 од коалиција предводена од ВМРО-Дпмне, 2 од коалиција Заедно за подобра иднина и 2 од ДУИ./У.Ј

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново