Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кај стариот Римски мост во Богомила, покрај реката Бабуна, ја пречека Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски делегацијата со француски експерти која во Македонија престојуваше поради одржување на Конференцијата „Европски искуства за развој на туризмот - билатерална соработка Македонија - Алзас“. Таму и официјално започна нивниот престој во општината со сите информации за стариот мост и приказната за него, што потоа беше надополнета со сите информации за потенцијалите за развој на руралниот туризам на општината која како свои први адути ги има врвот Солунска глава на планината Јакупица. Потоа планината Даутица, реката Бабуна, селата Богомила, Теово и Оморани.

Експертите прошетаа до Спомен куќата на Петар Поп Арсов.

На влезот беа пречекани на традиционален македонски начин, со леб, мелена сол и буковец за потоа внатре, во спомен куќата, да ја слушнат приказната за македонскиот национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за градење на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.

Фасцинирани од изгледот на куќите во селото, експертите инсистираа, да пешачат и до Домот на пензионерите каде нивни домаќин беше претседателот на Здружението на пензионери на Велес Веле Алексовски заедно со неколку членки на граѓанското здружение.

По разгледот на домот и презентирање на можноста за сместување на француски гости, на една од терасите, домаќинот ја послужи закуската што ја подготвија жените од Богомила и се состоеше во исукани мазници надополнети со домашен јогурт. Таму паднаа и првите оценки за квалитетот на објектот и понудата.

Домаќините од Општина Богомила потоа ги прошетаа претседателот на Асоцијацијата „Алма“ Жак Шлеф , заменик директорот на Агенцијата за развој на туризмот на Долна Рајна Пјер Жошем како и експертите за рурален туризам од регионот Алзас, Катрин Гресбек и за заштита на архитектонско наследство Клод Ешвалд до општинското основно училиште и ги покажаа сместувачките капацитети наменети за млади алпинисти, планинари, велосипедисти и туристи. Велејќи дека особено им се допаднал уредениот двор, со тревник, експонатот разбој, изѕиданата фурна и ресторанот во етно стил, Гресбек и Ешвалд, советуваа дека токму автентичноста на објектот е причина што ќе привлекува странски туристи. Секако амбиентот го надополнува и панорамата што домот ја има пред себе поточно погледот кон врвот Солунска глава. Тие се интересираа и за туристичките објекти како што се планинарските домови во Чеплес и во Папрадиште кое располага со автентични куќички како и за Нежилово кои не можеа да ги видат во неколку часовниот престој во селото.

Сепак на враќање кон Чашка глетката на старите куќи, во распаѓање, во селото Теово одзеде најголем дел од комуникацијата на домаќините и француската делегација. Таму експертите дадоа најголем број на совети како општината може заедно со граѓаните преку поттикнување на волонтерството да се обиде да ги реконструира овие објекти во распаѓање и во нив да обезбеди услови за сместување на гости од Европа.

Посетата на општина Чашка беше заокружена со престој во село Оморани и рибникот во негова близина./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.