Китановски: „ Регионалниот пат Велес – Чашка ќе се реконструира вгодина а сега се реконструраат вдлабнатините на автопатот Велес – Неготино“
Граѓаните на Чашка од наредната година ќе можат да возат по реконструиран коловоз на регионалниот пат Велес-Чашка. Така планира ЈП за државни патишта кое според програмата за годинава приоритет ставило на магистралните патни правци, поточно на отстранување на тесните грла на патарините, што сега ги реконструира, на Коридорот 10 значи автопатот Куманово – Гевгелија. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, вгодина ќе се поправаат и регионалните патишта. Меѓу нив е и патот Велес -Чашка.
-Значи во следните четири години ќе реконструираме 750 километри регионални патишта во Р.Македонија.Тое е по наше видување ,а и по сугестија на Светската Банка,која бара од нас освен правање на нови да ги реконструираме и постоечките патишта, рече Китанов.
Одговарајќи на новинарското прашање на Дума.мк дали додека возејки се од Велес до Градско на делот пред патарната и после неа ги почувствувал пропаѓањата во коловозот и кога тоа ќе се отстрани како и на делови од автопатот Велес – Скопје, кој е реконструиран пред само година ипол, Китанов рече:
-Делницата Велес-Градско и обратно е веќе реновирана пред еден месец.Во меѓувреме при крај е тоталната реконструкција на патот од Неготино до Демир Капија којшто не беше само струган и асфалтиран туку се менува и тампонот и подлогата затоа што веќе има големи девијации на патот, очекувам за два месеца да биде завршен и тоа да се поклопи со пуштање на автопатот Демир Капија – Смоквица. Во меѓувреме механизацијата на „Гранит“ која таму работи ќе се префрли на левата страна на автопатот од Демир Капија до Неготино за да тотално се рехабилитира. Се тоа треба да заврши до почетокот на летната сезона. Во меѓувреме се реновираше патот Миладиновци-Куманово, Куманово-Миладиновци што го вршеше Австриската фирма „Штрабат“ тоа е веќе завршено и се поставени и еластичните огради. Со тоа до почетокот на летната сезона целиот Коридор 10 треба да биде современ со современи наплатни рампи со современи автопатишта и регулирани протоци на движењето,а каде што ќе се забележи оштетување ќе биде санирано. На автопатот Велес-Скопје веќе имаше една реконструкција на асфалтната подлога.Надзорните екипи кои нон стоп дежураат на овие патишта благовремено не информираат и ние имаме информација за тоа. Во меѓувреме ЈП за државни патишта заедно со Министерството за транспорт и врски спроведува еден голем проект таканаречен РАМС, кои овозможува интервенција и во подлогата до метар ипол во земја и тоа катастарски се внесува во нашиот систем. Така до крајот на годинава ќе имаме комплет евиденција за состојбата на сите патишта во Р.Македонија, рече Китановски.
Тој додаде дека овој систем ќе му покаже на јавното претпријатие кои од патиштата во земјава имаат приоритет за реконструкција. Китановски вети дека при првите знаци на оштетување веднаш ќе реагирале за да не настане поголемо оштетување со што ќе се заштедат финансиски средства и воедно информираше дека на автопатот Скопје-Велес се исчистени дрвја и гранки со цел за поголема прегледност на возачите./У.Ј