Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ни дождот ниту снегот, што викендов врнеше и паѓаше, во општина Чашка не ги поколеба над стотината планинари од Велес, Скопје, Богомила да го одржат традиционалниот марш по врвиците на „Февруарскиот поход“. Планинарите тргнаа од железничката станица во Велес, со воз во кој ги чекаа нивни колеги од Скопје и патуваа до станицата во Богомила каде им се приклучија планинари од Прилеп и Битола. Планинарите тргнаа пеш кон планинарскиот дом во село Мокрени за потоа да продолжат кон планинарскиот дом во село Ораов дол. Таму ноќеваа првата вечер за вториот ден да ја отпешачат вкупната делница која го имаше како дестинација селото Теово од каде се вратија со воз во Велес.

- Традицијата прво е обновена некаде околу педесеттите години на минатиот век кога со години се одржувале масовни маршеви посветени на борците учесници во “Февруарскиот поход“. Потоа е направен прекин. Спортско планинарското дружтво „Зелен рај“ ја возобнови оваа традиција пред седум години. На маршот присуствуваат планинари од повеќе етнички заедници, ученици и пензионери значи од сите возрасти кои функционираа како една заедница што сака да ја негува традицијата како дел од нашата историја, рече претседателот Зоран Игнов.

 

Маршутата што викендов ја испешачија планинарите следбеници на борците од „Февруарскиот поход“ изнесуваше вкупно 25 километри. Таа е многу значајна иако е симболична во споредба со онаа на партизаните од Македонско косовската бригада кои за време на втората светска војна тргнале од селото Кажани, Егејска Македонија и преку Кожув влегле на територијата на Кавадарци за потоа преку Јасеново, поточно месноста Камила, да се префрлаат на планината Мукос и преку Ореов Дол да стигнат до Богомила каде поради силниот отпор на бугарската војска и полиција биле приморани за да се спасат да направат пробив преку Орешка чука назад кон Богомила. 

Поддржувачите на оваа традиција и годинава целосно беа поддржани од Општина Чашка. Градоначалникот Горан Стојановски како домаќин заедно со колегата од Општина Градско, Роберт Бешовски како гостин присуствуваа на манифестацијата во Ораов дол./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.