Тевдовски: Бројки за зголемување на јавниот долг на државата се шпекулации на опозицијата
Не се точни обвинувањата на опозицијата за зголемување на јавниот долг на државата од 2 милијарди евра, рече денеска Министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој додаде дека Министерството за финансии најтранспарентно ги објавува сите информации поврзани со работата па и со задолжувањата на државата и доколку се споредат ќе се констатира дека долгот е намален а не зголемен.
– Во 2017 година, јавниот долг на земјата како релативен износ или како процент од бруто домашниот производ е намален. Тоа е за прв пат во последната декада поточно од времето на кризата. Исто така во првата декада јавниот долг е намален а бројките со кои што шпекулира опозицијата се апсолутно не точни, рече Тевдовски.
Оваа изјава министерот за финансии ја даде одговарајќи на новинарско прашање дали се точни последните обвинувања на опозицијата кон Владата која го зголемила јавниот долг за 2 милијарди евра./У.Ј