Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Topolka fin

За нанесена материјална штета од вкупно 3.045.908 денари на имотот на Јавното претпријатеие за комунални дејности „Тополка“ во Чашка,Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот директор Ѓ.З.(45) од село Чашка и против поранениот вршител на должност директор Е.К.(30 поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл. 353 од Кривичниот законик на Р. Македонија.

Кривичната пријава се однесува за периодот од деловните 2016 и 2017 година.

Имено, Ѓ.З. во својство на директор на ЈПКД „Тополка“ - Чашка во периодот од јануари 2016, заклучно со август 2017 година, кога бил разрешен по сопствено барање, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка, искористувајќи ги и пречекорувајќи ги службената положба и овластување, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања „Реалност - 06 Прилеп“. Пријавениот Ѓ.З. ги прекршил одредбите од Законот за јавни набавки и средствата на ЈКПД „Тополка- Чашка“ според член 2 од ЗЈН бидејќи не ги користел на рационален и ефикасен начин, со што во 2016 година на ЈКПД „Тополка“- Чашка му нанел материјална штета во вкупен износ од 1.731.173 денари и во 2017 година во вкупен износ од 1.110.757 денари или вкупно за двете години 2.841.930.00 денари. Со тоа пак на Агенцијата за привремени вработувања „Реалност – 06 Прилеп“ односно на повеќе физички лица ангажирани преку Агенцијата им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 2.841.930.

Второпријавената Е.К. во својство на вршител на должност директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка ,именувана на ден 04.08.2017 година, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка, во периодот од септември 2017, заклучно со ноември 2017 година, на ист начин како и првопријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување му нанела материјална штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 203.978 денари. Е.К. спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, во текот на 2017 година, склучила договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања „Реалност – 06 Прилеп“./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново