Донесен „Ровокопачот“ што општина Чашка го набави од сопствени средства
Стигна новото повеќенаменско возило „Ровокопач“ за потребите на населените места во општина Чашка. Машината чини 6.000 000 денари и општината ја набави од сопствени средства, од општинскиот буџет. Со новото возило ќе стопанисува ЈПКД „Тополка“.
Набавката на машината доаѓа во период кога општината, која по територија е една од најголемите во државата, има големи издатоци во одржување на локалната патна инфраструктура како во зимски така и во летни услови потоа за ,чистење на речни канали како и за општи градежни зафати низ населените места кои се многубројни.
Градоначалникот Горан Стојановски вели дека локалната власт и понатаму ќе продолжи да набавува нова механизација преку која ќе се обнови возниот парк ,ќе се остварат долгорочни заштеди во буџетот на општината и ќе се подига квалитетот на животот на граѓаните во Чашка./У.Ј