Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Naslovna fin

Од година во година се намалува сточниот фонд во регионот како резултат на лошите владини политики, сметаат сточарите кои одгледуваат овци. Новата откупна сезона на јагне не дава надеж дека состојбата ќе се подобри. И годинава откупувачите им нудат цени од 130 денари по килограм жива мера за јагне од втора и десет денари повеќе за јагне од прва класа.

- Производната цена на јагне изнесува 182 денари за килограм јагне жива мера што ја дефиниравме пред еден месец. Ние направивме калкулации и со претходната Влада и дојдовме до цена од 175 денари за килограм. Затоа сега бараме од оваа Влада да ни излезе во пресрет и да ни ги обезбеди тие 35 денари од килограм ако се земе во предвид дека откупувачите ни даваат 130 денари за втора и 140 денари за прва категорија. Ние не ги бараме овие пари за да заработиме туку за да опстанеме, рече сточарот Мите Јанков.

Mitko Jankov fin

Во името на сточарите од регионот Јанков го соопшти изградениот став и предлог за вонредната мерка , доплата до производна цена, што би овозможила да се спречи намалувањето на стадата во велешко, во делот на Чашка, во Клепа и Лозово. Личното искуство на Јанков, кој има стадо од 340 овци покажува дека на годишно ниво тој покажува загуба помеѓу 3.000 и 4.000 евра.

-Веќе не размислуваме за заработувачка туку како да го сочуваме бројот на грла овци. За да ја пребродиме состојбата Владата треба да изреагира и да не помогне со вонредна парична мерка од најмалку 35 денари по килограм за да можеме да си ги покриеме трошоците, додаде Јанков.

Publika fin

Кај нив веќе стигнал сериозен откупувач од Турција заинтересиран за 100.000 до 120.000 живи јагниња но сточарите не можат да ги извезат затоа што некој делови од регионот сеуште се водат како бруцолозни подрачја, иако болеста одамна не се појавила, но од нив не може да се извезува јагне. Затоа е потребно Агенцијата за храна и ветерина веднаш да изреагира и да издаде нови документи со што ќе се отстрани бариерата која и не постои, велат сточарите.

Тие на средбата што се одржа во Чашка со министерот за земјоделство Љупчо Николовски и на која присуствуваше Градоначалникот Горан Стојановски како и директорите на повеќе државни институции ги соопштија своите две барања.

Minister Nikolovski fin

- Тоа што можам да го кажам и што Владата го направи годинава е промената во делот на директната поддршка на предадено овчо млеко. Се зголемува поддршката од 4 на 4,50 денари за литар. По завршување на сите активности кои што дефиниравме дека мора да ги направиме заедно а особено со ангажманот на Агенцијата за храна и ветеринарство штом ја добиеме јасната слика тогаш ќе знаеме со колкав исноз на средства ќе може да одиме во делот на зголемувањето на вашите барања, рече Николовски.

Trajan Dimkovski fin

-Штитејќи ја производната и продажната цена на јагне, во моментов дали ќе оди нагоре или надолу, колкава ќе биде таа разлика помеѓу производна и продажна цена ќе седнеме да разговараме заедно за да ги утврдиме предностите со кои ќе можеме да помогнеме на целиот сточарски сектор , рече советникот за сточарство на министерот Трајан Димковски.

Сточарите од регионот сега очекуваат ветената средба што побрзо да се случи затоа што очекуваат Агенцијата за храна и ветеринарство што поскоро да ја симне забраната за извоз на јагне, од поранешните бруцелозни подрачја во регионот на Велес, Чашка, Градско и Лозово за да не го изгубат турскиот откупувач кој е заинтересиран за тешко јагне и веќе понудил цена што им одговара. Ако со него биде постигнат договор тогаш само тој ќе откупи скоро половина од вкупниот број на јагниња во Македонија што инаку изнесува 200.000 до 250.000 грла./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново