Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

goratsumitenaazot fin

Стотици хектари со насади на високо квалитетна шума горат во општина Чашка. Огнот, изминатиов викенд, избувнал на три локации. Првиот шумски пожар се појавил во атарот на селата Габровник и Мокрени, вториот кај Ореше и третиот од страната на селата Богомила, Црешнево и Капиново. Пожарите се запалени во исто време, изминатиот викенд, вели за Дума.мк директорката на Шумско стопанство „Бабуна“, Љубинка Попова.

- Цел викенд шумарските работници заедно со пожарникарите на Територијалната противпожарна единица на Велес се борат со огнот. Успеваат да го локализираат но повторно се појавува. Таму, во Азот, состојбата е страотна и загрижувачка затоа што горат комплекси на висококвалитетно дабово и буково огревно дрво. Пожарот е префрлен и кон Македонски брод и кон Прилеп. Чинам дека е проширен се до границата на државата. Не станува збор за ненамерни пожари туку напротив се сомневам дека причината е човечки фактор, рече Попова.

Повторно побарана е помош и од Дирекцијата за заштитата и спасување за гаснење на огнот од воздух, од авиони, како што тоа го сторија и при гаснењето на пожарот кај велешкото село Караслари

LjubinkaPopova fin

Љубинка Попова, директор на ШС „Бабуна“

Справувањето со пожарите и нивното гаснење целосно ја блокираа работата на велешката подружница на ЈП „Македонски шуми“. Сите шумарски работници се ставени во функција на гаснење на огнот. Тие се пријавени во СВР Велес. Ќе се трага по потпалувачите.

Од ШС „Бабуна “ апелираат да не се палат стрништа и граѓаните да внимаваат како се движат низ шумските предели бидејќи случајно фрлено догорче од цигара и други запаливи матријали предизвикаат голема материјална штета и огромни напори на вработените кои ја штитат шумата со половични резултати.Бараат помош и од граѓаните кои веднаш штом забележат оган истиот да го пријават на добро познатите телефонски броеви, во пожарна на 193 како и во полициската станица во Велес на 192./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново