Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Zdruzeniekomunalniinspektori fin

На седницата што се одржа во Општина Чашка, Извршниот и Надзорниот одбор на здружението, ја прифатија информацијата за изборот на ново раководството, тековно работење и состојба на сметка, донесоа заклучоци за примената на новиот Закон за инспекциски надзор, за прифаќање на забелешки, иницијативи и насоки за евентуалната надлежност на Овластените комунални инспектори во Нацрт Законот за управување со отпад и за постапување на извршните платни налози донесени од Овластените комунални инспектори.

Нa седницата, Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски изрази несебична и силна подршка на работата на Здружението за подобрување на статусот на Овластените комунални инспектори, нивната професионална надлежност и активностите кои ги спроведуваат кон зачувување на животната средина.

ZKRMpotpisuvanjeizjavi fin

Претседателот на Здружението на комунални инспектори на Македонија, Овластениот комунален инспектор Марјан Јовановски ги истакна придобивките кои се однесуваат на инспекторите и произлегуваат од новиот Закон за инспекциски надзор како и заложбите кои се однесуваат на здружението кое во иднина ќе се залага да работи во интерес на инспекторите, жителите на матичните и општините. Тој предложи активно учество на здружението во подобрување на законските прописи кои се однесуваат на комуналната област.

Zdruzeniekomunalniinspektori1 fin

Традиционално во знак на подобрување на животната средина, по завршување на седницата беше засадена садница, во дворот на општина Чашка./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново