Авионско прскање против комарци, во четврток, и во Општина Чашка
Во раните утрински часови, на 13 јуни, поточно од 06.00 часот до 07.00 часот на територијата на Општина Чашка, со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, ќе се врши прва дезинсекција на населените места и јавни површини на подрачјето на општината за 2019 година.
„ Со Авиотретманот ќе бидат опфатени следните населени места: Населба Чашка, низводно на река Тополка,населени места Лисиче и Еловец (оризови насади) -низводно на река Тополка, населено место Раковец (општинска депонија), населени место Отиштино и Бањица, населено место Богомила , низводно на река Бабуна, населено место Согле, низводно на река Бабуна, населено место Теово, низводно на река Бабуна, населено место населба Оморани, низводно на река Бабуна, населено место Мартолци, низводно на река Бабуна, населено место Извор , низводно на река Изворчица, населено место Мелница, низводно на река Мелница, населено место Лисиче, низводно на река Тополка. Општината ги известува пчеларите во времето на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства,“ пишува во соопштението на општината.
Во случај на променети временски услови,врнежи или ветер, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период./У.Ј