Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PatCaska Licice1

Се тампонира, проширува и асвалтира регионалниот пат од Чашка до село Лисиче. Реконструкцијата се реализира на вкупно шест километри. Коловозот е проширен за два и сега изнесува пет метри на оваа делница која започнува од населбата Чашка, поминува покрај селото Чашка, потоа низ селото Голозинци и завршува во селото Лисиче. За прв пат, овој регионален пат ќе добие банкини. Така водата од околните ниви нема повеќе да се слева на патот туку ќе тече покрај него.

Според директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ова не е единствената делница во општина Чашка, најголема по територија во Македонија, за која владата издвои средства.

- Минатата година беше изграден патот од Чашка до село Стари Град и од село Богомила до село Согле. Во моментов се работи на патот од Чашка до село Лисиче, од оваа додека од дргата страна,од прилепско Долнени, се работи на рехабилитација на патот од Гостирџани преку Црнилиште до Петље. Тоа значи дека годинава регионалната патна мрежа во општина Чашка од сите страни комплетно ќе биде рехабилитирана, рече Китанов.

KitanovSugareski Stojanovski Murtezani

И покрај сериозната потреба, цели четириесет години не е инвестирано во реконструкции на регионалните патишта во општина Чашка ,анализираше градоначалникот Горан Стојановски.

- По завршувањето на реконструкциите на годинешните патни правци општина Чашка со сигурност ќе може да констатира дека има добра регионална патна инфраструктура, рече Стојановски.

PatCaska Lisice2

Китанов, Стојановски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска направија увид во изведбата на реконструкцијата на патот. Сугаревски уште еднаш апелираше до општините да подготвуваат и навреме да аплицираат со проекти за реконструкции и рехабилитации како на регионални така и на локални патни правци.

- Со проектот од Светска банка во висина од 70 милиони евра што од есенва ќе можат да се користат, најверојатно со интензивно темпо и од пролетта 2020 година, имаме за цел да им помогнеме на општините. Затоа сакам да потенцирам дека е многу значајно што секојдневно ги мотивираме општините да ги доставуваат проектите за локални патишта. Согласно методологијата што ја утврди владата сите општини ќе добиваат средства а со тоа и граѓаните ќе почувствуваат бенефит, рече Сугарески.

PatCaska Lisice3

Од вчера и во селото Богомила, во општина Чашка, започна изградбата на нов мост преку река Бабуна кој од оштетување ќе го заштити стариот, изграден во римско време. Мостот чини 15 милиони денари и ќе се изгради за една година. По него ќе се одвива сообраќај додека Римскиот мост ќе служи само за пешачење./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.