Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Direktor2 fin

Сеуште гори денеска атарот на селото Ораовец. Два авиони канадери на Дирекцијата за заштита и спасување од воздух се обидуваат да го изгаснат огнот на непристапен терен на површина од околу 10 хектари. Вчеравечер изгоре површина од околу 40 хектари помеѓу селата Ораовец и Војница Огнената стихија е сосема на гранцата на двете општини Велес и Чашка. Вчера армиски хеликоптер а денеска во атарот на село Ораовец гаснат два авиони канадери.

Пожарникари на Територијалната противпожарна единица од Велес, шумарски работници, доброволци организрани од Општина Чашка како и месно население синоќа успеаа да го локализраат пожарот кај селото Војница. Таму од синоќа опожарената површина ја контролираат екипи на ЈП „Национални шуми“ а превентивно ЈКП „Дервен“ обезбеди и цистерни со вода.

pozarsinokaVojnica fin

Но, пожарот голта нови површини во атарот на селото Ораовец. Во шест наврати двата авиони канадери на Дирекцијата за заштита и спасување од воздух се обидуваа да го изгаснат огнот на непристапен терен на површина од околу 10 хектари.

-Екипите на „Национални шуми“ се на лице место задно со пожарникарите и со мобилизирани граѓани на Општина Чашка. Не можат да влезат на теренот кој е непристапен и го чекаат епилогот од гаснењето на пожарот од воздух. Гори смрекова шума и сува трева и ако не се локализра има опасност да навлезе во реони со шумски појас на даб. Тогаш штетите ќе бидат многу големи, рече директорот на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓоргиев.

PozarVojnicadenje fin

Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски апелира и за човечка помош по гаснењето од воздух за да се стави пожарот кај Ораовец под контрола. 

- Огнот е раширен на голема територија и се потребни луѓе кои по помошта што ја добивме од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување сега треба да гаснат. На површина од околу 10 хектари, најголем дел на непристапен терен, тоа засега го прават пожарникарите, шумарските работници, вработени во јавното комунално претпријатие на Чашка. Тие од вчера попладне до сега постојано се распоредени на теренот. Синоќа имаше и граѓани доброволци. Потребна е жива сила за гаснење на пожарот, рече градоначалникот Стојановски.

PozarOraovecnaslovna

И покрај тоа што со сите ресурси се наоѓаат на пожарите и опожарените површини во велешко и во Општина Чашка од ЈП „Национални шуми“ апелираат до граѓаните на голема претпазливост додека се движат на отворено или покрај шумски предели. Директорот Ѓоргиев повика и на соработка со граѓаните и пријава штом се забележи мало жариште во полиција на телефонскиот број 192, во Дирекцијата за заштита и спасување или во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195./У.Ј

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново