Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Akkam

Сопственикот на колеџи Акан Усаммас во реновираниот хотел во Горно Врановци препозна место за организирање на тримесечни кампови за своите ученици.

- Доколку овој проект се реализира јас би сакал учениците од моите колеџи, градам во моментов втор, да доаѓаат на тримесечен камп со посебна образовна програма. Можат тоа да бидат и децата на исселениците од Горно Врановци но и останатите кои живеат во градот Измир. Исто така може да се организра и рехабилитација за возрасни. Хотелот во зима би можел да функционира како зимски центар, рече Усаммас.

Тој додаде дека во градот Измир живеат 4 милиони 113 илјади жители додека во Општина Чили над 200 илјади граѓани. Од нив исселеници од Македонија се над 40 илјади граѓани.

Во состав на турската делегација предводена од Градоначалникот на Општина Чили, Селим Утку Ѓумручу, што деновиве престојуваше во Горно Врановци и во Мелница, на покана на Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски имаше исселеници и бизнисмени. 

Prv

Керим Арслановски, од маалото Малтепе на турската општина Чили не пропушти на својот мобилен телефон да сними видеа со панорами од селото Горно Врановци, дел од маалата и спомен куќите. Тој снимаше и раскажуваше каде точно се наоѓа. Многу често на турски јазик го спомнуваше зборот ,,ана“. Тоа асоцираше дека се што документираше и беше наменето на неговата мајка. Арслановски подоцна ми раскажа дека неговата мајка, иако е стара, живее со надеж дека бар еднаш пред смртта ќе може да си го види своето родно место. И додека тоа се случи:

- Ќе соберам малку земја и ќе ја однесам за да може да ја види својата родна земја, додаде Арслановски.

Додека Арслановски зборуваше за Горно Врановци, пред новинарите, со сози во очите и насмевка на лицето го следеше неговиот пријател Муамет Ѓушиновски. Тој исселувањето го доживеал на десетгодишна возраст. Од Горно Врановци родителите го однеле во Каршијака. Таму претпладне продавал весници а попладне учел, станал директор на најголета Гимназија и се пензионирал како раководител на сите општинските училишта на Измир. Сега живее во надеж дека ќе му се оствари животниот сон, хотелот во Горно Врановци да се реновира и во него да доаѓаат тој, семејството и останатите исселенци.

Vtor

- Цели 63 години, секоја вечер, во сон доаѓав до Чашка ја гледав џамијата ама никако не можев да влезам во селото. Се будев од сонот. Ми недостигаше нешто во душата. Големата приказна на исселувањето. И со средбите на двајцата Градоначалници, на Чашка и на Чили, на двете држави, очекувам уште да се зацврстат пријателствата, на двете општини и на луѓето. Има голем број на исселеници во подлабока возраст кои често доаѓаат во Горно Врановци. Но има и кои не дошле бидејќи нема каде да престојуваат. Исто и од Мелница. Многу сакаме хотелот во Горно Врановци повторно да почне да работи. Имам четири деца и двајца внуци и сакам приказната за родното село да им ја раскажувам тука за да ја доживеат плачејќи, додаде Ѓушиновски.

Gradonacalnici fin

Сега Ѓушиновски е задоволен затоа што успеал да го создаде и секоја година да се одржува Фолклорниот фестивал во Каршијака. Тој го иницира збратимувањето на Општините Чашка и Чили. Следно што планира е да го види доаѓањето на исселениците од населбите Јени маале, Малтепе, Јергис како и од Каршијака во реновираниот хотел во Горно Врановци.

 /У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново