Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

AkcijaCaska naslovna

Сто вреќи од сто и уште десеттина од двеста литри со смет расфрлан покрај регионалниот пат Велес - Чашка, поточно од Пашин Мост до раскрсницата на Долги Рид, во Општина Чашка, собраа во четиричасовната доброволна акција триесетте акцијаши ветерани и петнаесет нивни млади следбеници, во денешната акција организирана од Работната доброволна бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаш ветеран“ од Велес. Вака го одбележа јубилејот „40 години од ЛМРА Богомила 1979“ што го поддржа Општина Чашка и Градоначалникот Горан Стојановски.

AkcijaCaska1

Akcija3

Акцијашите ветерани, младите бригадири, Градоначалникот Стојановски и неколкумина жители на Чашка се поделја во четири групи и сите работеа на собирање на сметот од банкините, од двете страни на патот, во должина од по еден километар. Најголема количина од собраниот смет беа лименки, пластични шишиња и чаши, стакло, гума и автомобилски делови како и кутии од цигари, хартија, најлонски кесиња, пакувања од кондиторски производи што натешко се разградуваат во почвата. 

AkcijaCaskajasiSuzana

AkcijaCaska DelcoiBoreManev

Еднодневната работна акција ја обезбедуваше сообраќајната полиција на СВР Велес додека сметот го собра ЈКП „Тополка“ на Општина Чашка.

AkcijaCaska4

По завршување на работната еколошка акција на едночасовната дружба и ручек, подготвен од вработенте во кујната на интернатот кој е дел од ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка. Домаќин беше Градоначалнкот Стојановски кој исто така се вклучи во акцијата. Акцијашите беа пречекани со топол чај од шип.

AkcijaCaskaKamber

AkcijaCaska5

AkcijaCaskasoznamenajarbol

- Прво сакам да ви се заблагодарам на одлично завршената работа и за помошта на сите вас, членови на ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес, на ветераните и особено на младите преку кои се гледа дека традицијата продолжува. Сакам да ви кажам дека како Општина наскоро ќе ви се придружиме со акцјаши ветерани кои биле бргадри на младинските работни бргади што учествувале на работни акции во минатото на просторите на поранешна Југославија. Ќе ви се придружиме и со поддржувачи како со наши, општински активности. Се надевам дека соработката со Општина Чашка ќе продолжи како и дружењето со сите вас. Очекувам веќе на наредната акција да има поголем број на граѓани од Општина Чашка и особено млади кои ќе работат и ќе се дружат со младите членови на вашето здружение, рече Стојановски.

Акцијашот ветеран Јован Андреев, учесник на ЛМРА „Богомила '79“ потсети како тогашната младинска организација, Општинската конференција на сојузот на социјалистчката младина во Велес, ја реализирала својата идеја за акцијата на територијата на општината.

- Во далечната 1979 година се одржа Локалната работна акција со седиште во село Теово. Работевме на изградба на банкини и на проширување на патната мрежа до село Богомила. Формиравме четири Младински работни бригади и тоа „Брако“, „Нонча Камишова“, „Агрокомбинат Лозар“ и „Борис Кидрич“ поддржани од тогашните фирми кои работеа во Велес. Бригадирите беа сместени во селското училиште и работевме со цел да уриваме дневни норми и да се натпреваруваме затоа што знаевме дека со секој ископан метар повеќе побрзо ќе им овозможиме на жителите на двете села да го користат благодетот од новиот и поширок пат. Тоа се случуваше во летото на 1979 година кое беше пеколно топло. Штабот на акцијата, во еден период, договори наутро да стануваме порано, уште во мугрите на денот, и да работиме додека беше посвежо поточно до пладне потоа да правиме пауза и попладне штом температурите опаѓаа повторно да излеземе на траса и да продолжиме со работа се додека имаше доволно светлина за работа, рече Андреев.

Во далечната 1979 година Командант на ЛМРА „Богомила“ беше Панче Стојков, акцијаш а трасер на акцијата Миле Маџаров. Економ беше акцијашот Делчо Костов.

GradonacalnikStojanovskiiVckov fin

AkcijaCaskaMarkoiVckov

Денешната акција ја кординраа Претседателот на ЗГ„Акцијаш - ветерани“ од Велес, Љупчо Вчков со Командантот Делчо Костов и во соработка со Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

AkcijaCaskasitevomenza

Акцијашите ветерани, младите бригадири на Работната бригада „Кочо Рацин“, општината и Градоначалникот Стојановски на крајот упатија апел, до сите граѓани кои го користат патот Велес - Чашка и останатите во општината, да не фрлаат отпадоци од автомобилите и да се трудат да ги сочуваат природните благодети на најеколошката општина во Македонија./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново