Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

CaskaAkcijanaslovna

Околу 200 вреќи со смет беа собрани во акција , како последна за годинава, на регионалниот пат од место викано „Пашин мост" до Долги Рид, потоа од Бусилски пат до Долги Рид и од населба Чашка до Долги рид. Еколошката акција се одржа во саботата на 28 декември 2019 година. Ја организираше Општина Чашка и во неа се вклучија општинската администрација, ЈПКД Тополка Чашка и Младинската работна бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ„Акцијаш ветерани“ од Велес. Еко акцијата заврши со засадување на дрвја во населба Чашка.

CaskaAkcija1

CaskaAkcijaZGAKCIJASH1

- Во акцијата се вклучија околу педесетина лица. Како Градоначалник на Чашка ја поздравив и поддржав иницијативата за која се надевам ќе прерасне во традиција. Воедно ги повикувам сите граѓански здруженија на соработка, со цел да се подигне свеста на граѓаните за чиста и здрава животна средина, рече Градоначалникот Горан Стојановски.

CaskaAkcijaZGAKCIJASH3

CaskaAkcijaZGAKCIJAN5

Акцијата започна во 9 часот и заврши во 13 часот. И покрај ветерот во студениот ден учесниците во еколошката акција успеаја навреме да го соберат сметот, од двете страни на над 10 км долгите патишта и да ги засадат садниците со дрвца во населба Чашка, што ги обезбеди Општина Чашка.

CaskaAkcijaZGAKCIJASH

Еколошката акција заврши со топол чај, заедничка дружба и ручек, чиј домаќин беше Градоначалникот Стојановски./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново