Во Општина Чашка осветени води во пет населени места и исто толку среќни фаќачи на Светиот крст
Празникот Богојавление – Водици нѐ повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите во нашата земја се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан.
Секоја година овој празник ни порачува да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.
Најсреќните скокачи по Светиот крст низ населените места во Чашка оваа година се: Анѓелче Андовски во населба Чашка, Оливер Цветковски во село Извор, Николче Дамјановски во село Богомила, Филип Димовски во село Согле и Златко Арсовски во село Теово.
Верниците добија скромни подароци од Општина Чашка и Градоначалникот Горан Стојановски.
Верниците добија скромни подароци од Општина Чашка и Градоначалникот Горан Стојановски.