Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Josif Dircevski fin

12.05.2020

Во зима без греење и во лето без ладење во трошна просторија во село Војница, која ни оддалеку не остава впечаток на место за живеење, сам и изолиран од светот, од луѓето и од цивилизацијата, со години живее Јосиф Дурчевски. Собата во распаѓање е дом на седумдесет и две годишниот маж иако во неа има само еден железен кревет, една маса и неколку столици. Нема ни електричната енергија ниту водата. Јосиф живее и без нив, тивко и мирно, опкружен со јад, беда и подалеку од центарот на селото, од улицата и од луѓето. Тој нема семејство.

Јосиф не ја одбива порцијата со топол оброк но не ја ни бара. Ја прифаќа во знак на благодарност за исцепени дрва или друга помош што некому ја дал, ја заработил иако боледува од кила. Под привидниот спокој на лицето, секако, се крие немир што добронамерникот кој одлучил да го посети ќе го препознае доколку ја стекне довербата за разговор. Неговиот покајнички начин на живот , што сам одлучил да го живее, крие тешка човечка судбина.

SobanaJosufDurcevski fin

За неа многу не сакаат да зборуваат ниту соседите, сопственици на викендици од Велес, кои се оддалечени од колибката на Дурчевски. Но, го сожалуваат особено неговиот избор свесно, сам да се казнува до денес иако одамна бил казет.

-Не можеме да го гледаме како пропаѓа и се уништува, сега веќе старее па затоа одлучивме ние за него да побараме помош. Тивок и скромен човек е. Глас не можеш да му чуеш. Помогнете му затоа што тој од никого ништо не бара, животот го изживеа во молк. Му треба помош, прво во храна и облека, потоа во топла постелнина, во покуќнина но и во лекови што сам не може да ги купи од малата парична, социјална помош, велат првите соседи. 

Кога тие се во селото на Јосиф му даваат храна, го помагаат, кој колку може. Но колку тоа постојано е доволно за сам и болен човек?

-Јосиф Дурчевски е корисник на социјална помош, соопштија од Центарот за социјални работи во Велес. Тие веќе побараа помош од Општина Чашка, каде селото географски припаѓа.

JosifDurcevskiiGoranStojanovski fin

-Го посетив Јосиф, разговарав со него и му однесовме пакет со храна и со хигиенски средства. Знам дека тоа не е доволно. Тој живее во нехумани услови за живот. Му предложив привремено сместување но тој не сака да се сели, да живее на друго место. Скромно ја одби и понудената помош за операција. Општината ќе му помогне но упатувам апел до сите, до хуманите граѓани и граѓански организации како и до државните институции, да превземеме поширока акција и да му помогнеме. Ќе го актуелизирам случајот штом олабават мерките против коронавирусот. Јосиф без разлика низ што минал, човек е што има право на подобар и поквалитетен живот, особено сега кога годините го навасале и не може сам нешто да стори, рече градоначалникот Горан Стојановски.

Државата треба да му помогне на Јосиф Дурчевски, неодложно и итно. Но, ако добронамерни граѓани и граѓански организации го прочитаат текстот и одлучат да го посетат Јосиф можат да однесат храна, што не се приготвува и лекови, без кои тој не може да живее. Не се колебарјте, иако се му треба, скромниот човек ништо од вас нема да бара.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново