Деведесетгодишник се изгубил додека берел печурки, го нашла полицијата и го предала на семејството
Објавено на 7 септември, 2020 во 09:58
07.09.2020
Деведесет годишниот Б.А од Скопје се изгубил во саботата на 5 септември додека берел печурки во атарот на село Црешнево. Тој залутал по планината кон селото Богомила.
Старецот излегол од дома претпладнето околу 10 часот но не се вратил дома вечерта.
Семејството во 20 и 30 часот пријавило во полиција дека Б.А не се вратил дома и не можат да го најдат.
Била превземена акција од полициските службеници во полициското одделение Чашка кои трагајќи по Б.А го пронашле во близина на село Богомила. Тој бил во добра здравствена состојба и бил предадено на семејството.