Не се точни обвинувањата на опозицијата за зголемување на јавниот долг на државата од 2 милијарди евра, рече денеска Министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој додаде дека Министерството за финансии најтранспарентно ги објавува сите информации поврзани со работата па и со задолжувањата на државата и доколку се споредат ќе се констатира дека долгот е намален а не зголемен.

Дваесет и седум деца на возраст од две до шест години се згрижени и има место за уште дваесет и три чии родители се заинтересирани да ги запишат во клонот на детската градинка „Димче Мирчев“ во Чашка. Децата се распоредени во две возрасни групи во изминатите месеци и со нив работат воспитувачи и негуватели. Објектот е во сопственост на општината.Тој е преадаптиран и опремен со пари на министерството за труд и социјална политика во вкупен износ од 3.072.647,00 денари. Согласно владините мерки до крајот на мандатот треба двојно да се зголеми бројот на деца опфатени во предучилишно образование, соопшти министерката Мила Царовска на денешното свечено пуштање на првата детска градинка „Бамби“ во Чашка.

Со вкупно 5,4 милиони евра од Европската Унија се реновирани десетте железнички станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д. Од нив 2,5 милиони евра чини реконструкцијата на скопската а останатите пари на даночните обврзници на земјите членки на Европската Унија завршија во обнова на останатите девет железнички станици во државата. Тоа е само една петина од вкупно 250 милиони евра што ЕУ ги вложи во подобрување на транспортот во Македонија со цел да ги подобри потребите на патниците и да помогне во економскот развој на земјата, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Во научно творечката екскурзија „Истражувајќи го минатото, имаме визија за иднината“ учествуваа деновиве вкупно 32 ученици од двете основни училишта „Лирија“ од село Горно Јаболчиште и „Тодор Јанев“ од Чашка. Станува збор за по 16 ученици од двете училишта кои настава следат на различен наставен јазик, македонски и албански.

Со една и единствена цел да се подигне свеста кај граѓаните за поддршка на болните од ретката болест „Пулмонална (белодробна) хипертензија“, викендов, членовите на спортското планинарско друштво „Зелен рај“ од Велес се искачија на врвот Љута на планината Кадиица.

По последната сеча на дрва од страна на ШС „Бабуна“ затрупана е пешачката патека од село Нежилово до планинарски дом Чеплес на планината Јакупица. Според планинари кои деновиве не можеле да пешачат поради исечените и оставени дрвја и гранки гледката што ја фотографирале била само на почетокот на патеката. Тие бараат исечените дрвја и гранки што поскоро да ги извлечат шумарските работници.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново