Се запали куќа во Демир Капија
Објавено на 3 јануари, 2017 во 09:33
Нема повредени иако изгоре поголем дел од покуќнината во куќата што се запали рано утрово на улица „Наум Наумов“ во Демир Капија. Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев пријавата за пожарот била евидентирана во 8 часот по што веднаш започнала пожарникарската интервенција.
– Интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Заедно со нас во гаснењето на пожарот учествуваа и седум работници од демиркапиското комунално претпријатие „Бошава”, а помагаа и неколкумина вработени во Специјален завод Демир Капија. Не дозволивме да падне кровот на индивидуалниот станбен објект, рече Илиев.
Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета./У.Ј