Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Седумдесет и две годишниот Б.Т од Велес утринава го загуби животот, откако во него удрило моторно возило. Од МВР информираа дека сообраќајната несреќа се случила утрово околу 6 часот во Демир Капија на улицата „Партизански одреди“.

Патнички автомобил марка „Опел астра“ со неготински регистарски ознаки управуван од четериесет и седум годишниот М.Н удрил во пешакот кој се движел на коловозот во ист правец со автомобилот.

Од добиените повреди пешакот починал на местото на настанот. Смртта ја констатирала екипа на Итна медицинска помош од Неготино.

Во присаство на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци увид изврши екипа од ПС ОН Неготино./А.Д

 

Поврзани вести

 

Најново