Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Жителите на демиркапијското село Чифлик се против изградба на хидроцентрала во селото. Тие излегоа на протест и се децидни дека централата немала економска оправданост, а нејзината изградба лошо ќе се одрази на состојбите во селото.

,,Сакаме да известиме дека жителите на село Чифлиг, Демир Капија се соочени со изградба на несоодветна хидроцентрала на река Дошница, која е од суштинско значење за опстанокот на селото. Реката Дошница која со својот тек поминува низ селото е главна причина за постоење на многуте бунари, потоци и извори, кои освен за наводнување, на места се користат и за пиење. Покрај тоа, реката изобилува и со животински свет, како што е речната пастрмка и речниот рак. Покрај нејзиното течение се создадени услови за богат растителен свет, а исто така претставува и живеалиште на над 130 видови на птици. Сметаме дека предвидениот минимум од 10% од течението на реката нема да биде доволен за одржување на оваа флора и фауна, и ќе предизвика нарушување на целокупниот еко систем’’ – рече Илија Ѓорѓиев, претседател на еколошкото друштво и искажа загриженост ако се изгради централата за опстанокот на растителниот и животинскиот свет.

Населението обвинува дека никој не ги консултирал нив за изградба на централа. Од еколошкото друштво уште пред една година била поднесена иницијатива до општина Демир Капија за спречување на изградбата на централата. Се барал увид во целата документација, но и по една година немале добиено никаков одговор.

,,Не е спроведена консултација со најзасегнатата страна, а тоа е месното население.

Според договорот за ЈПП рокот за отпочнување на производство на електрична енергија е 27.12.2017 година, односно три години по потпишувањето на договорот.

„До сега, изградбата не е започната, отпочната е само сеча на столетни дрва и расчистување на теренот. Јавно ги прашуваме инвеститорот и изведувачот, како планираат да го изведат овој комплексен проект за помалку од два месеци? Бараме јасен одговор за тоа како еден од потпишаните на овој договор, Водостопанство Тиквеш – Кавадарци, планира да отпочне дејност за производство на електрична енергија, а истиот тој субјект не постои?“ прашуваат  жителите на Чифлик и апелираат сите надлежни институции веднаш да ги преземат неопходните мерки и да ја спречат изградбата на оваа хидроцентрала.

Ангел Данов

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново