Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gdМарија (24), Дарко (23) и Игор (24) добија личен, интимен простор да го организираат денот според сопствените желби и интереси. Тие се поранешни штитетници на Специјалниот Завод во Демир Капија, а сега се сместени во мал групен дом кој денеска беше отворен во демиркапиското село Корешница. Со нив во домот ќе бидат четворица негователи, подржани од стручни  лица од Заводот кои ќе им пружат 24 часовна грижа на корисниците за да се вклучат во општеството.

 

Добредојде на корисниците на домот денеска им посакаа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска,  градоначалникот на Општина Демир Капија Лазе Петров и в.д. директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска.

„Деинституционализацијата ги отвора нашите заедници кон лицата кои неправедно беа изолирани со децении. Кога живеете во голема институција, не избирате како ќе го поминете денот, што ќе јадете, немате сопствено катче, целосно сте отсечен, дури и физички, од заедницата... Живеењето со поддршка е современа социјална услуга што овозможува корисниците да живеат во средина налик на семејната, да управуваат со своите животи и да учествуваат во заедницата и токму тоа го овозможуваме во малите групни домови“, рече министерката Царовска.

Царовска истакна дека новиот Закон за социјалната заштита дава можност за развивање и финасирање на социјални услуги на локално ниво во кои се очекува активна вклученост од локалнитесамоуправи и граѓанските организации.

Градоначалникот Лазе Петров истакна дека Општина Демир Капија го обезбеди објектот во којшто е сместен домот, и истиот беше реконструиран со средства на Министерството за труд и социјална политика.

„Соработката помеѓу локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика е вистинскиот начин да се обезбедат социјални услуги во заедницата. Општина Демир Капија ќе продолжи да ја поддржува трансформацијата на Специјалниот завод во современ давател на социјални услуги, со кои ќе се грижиме не само за корисниците на Заводот, туку и за потребите на нашите сограѓани“, изјави Петров.

В.д. директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска истакна дека деинституционализацијата овозможува поквалитетно живеење за корисниците, но и подобри услови за работа на вработените.

„Во минатото, колегите се плашеа дека овој процес води до губење на работните места. Лани беше тешко да ги убедите вработените да преминат од Заводот во групните домови, но отпорот повеќе го немаме и за работа во Корешница ни се пријавија доброволно неколку лица од Заводот“, изјави Велковска.

После домовите во Неготино, с. Тимјаник и во Скопје, групниот дом во Корешница е четвртиот што обезбедува современа грижа во заедницата за лицата со интелектуална попреченост од Заводот во Демир Капија. До крајот на август ќе биде отворен уште еден групен дом за четири лица од демиркапискиот завод во Скопје, во соработка со Сојузот на специјални рехабилитатори и едукатори и Град Скопје.

Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да ја спроведува Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ (2018-2027) усвоена од Владата. Досега повеќе од една третина од корисниците местени во установите се веќе преселени во алтернативни форми на згрижување. Нашата цел е до крајот на годината, ниту едно дете под 18 години повеќе да не живее во институција, додека во следните три до четири години, сите возрасни корисници да се преселат од институциите во заедницата./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново