09.04.2021
Сообраќајната незгода се случила утринава околу 06:00 часот на излезот од Градско, во коешто српски државјанин нелегално превезувајќи мигранти изгубил контрола врз возилото марка „мерцедес“ со српски регистарски таблички. Имено кај клучка Демир Капија, возилото било забележано од страна на полициски службеници и на даден знак за сопирање возилото ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино и потоа кон Градско.
14.02.2021
Општина Градско и ЈКП Клепа денска работеа на расчистување на снегот, фрлање на сол и песок на улиците во населба Градско и на локалните патишта кон сите населени места со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот.
17.12.2020
Во своето обраќање на свечената Седница по повод 16 декември – Ден на Општина Градско, Градоначалникот Роберт Бешовски на своите сограѓани им соопшти дека нивната општина веќе нема долгови и сметките се одблокирани.
4.09.2020
Дете на две годишна возраст, синоќа, било пронајдено удавено во отворен канал за наводнување на место викано „Рамниште“ во атарот на село Долно Чичево во општина Градско.
Детето било од скопската населба Шуто Оризари.Тоа со своите родители привремено живеело на нива покрај лозовите насади на кои работеле мајката и таткото кои биле ангажирани во берба на грозје.
Несреќата се случила во момент кога родителите заминале до Градско за да испазарат храна.
Тогаш најверојатно детето, без да биде забележано од останатите грозје берачи, се упатило кон каналот со вода.
Бил повикан лекар од населба Градско кој ја констатирал смртта на детето. На неговото тело немало траги од насилство.
Настанот бил пријавен во полициската станица во 20 часот. Екипа на СВР Велес извршила увид на лице место.
По наредба на јавен обвинител телото на детето е предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје./У.Ј
Фото: Архива
8.08.2020
Четириесет крводарители мажи и осум жени, денеска, даруваа крв на крводарителската акција што се одржа во Домот на културата "Крсте Петков Мисирков" во Градско. Од нив тројца беа млади и за прв пат ја подадоа својата рака.
20.07.2020
Педесет годишниот Т.М од населба Градско се удавил во акумулацијата на вештачкото езеро „Подлес“ во близина на селото во Општина Градско.