(ОБНОВЕНО) Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
15:15 часот – Во сообраќајната несреќа што изутринава, околу 7 и 30 часот, се случи на магистралниот пат А1 Прилеп-Градско во близина на м.в.„ Раечка Спирка“ учествувале три патнички атомобила од марките „фолксваген Голф“ со регистерски ознаки од Пробиштип, „Тојота“ со неготинска регистерска табличка и „рено“ со скопска регистрација, соопшти СВР Велес.
Според информациите од таму во несреќата со повреди се здобиле две лица на возраст од 46 и 33 години, кои биле сопатници во патничкиот автомобил Тојота и Рено. Тие се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци и нив им е укажана лекарска помош.
Во периодот од 7,30 до 9,00 час. сообраќајот на наведената делница беше целосно во прекин, за кратко потоа да биде ставена во функција едната коловозна лента на која наизменично се возеше во двата правци.
„Сосема кратко траеше прекинот и потоа сообраќајот се одвиваше наизменично,по една коловозна лента. Сега сообраќајот е целосно нормализиран и без проблеми се одвива во двата правци, “ рече портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.
Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Велес./У.Ј
08:10 часот – Сообраќајна несреќа се случи утрово во 07.30 часот , кај место викано „Раец“ и целосно го блокираше сообраќајот на патот Градско – Прилеп. Две лица се повредени и префрлени во болницата во Кавадарци. Час и половина по сообраќајката , поточно околу 9 часот, сообраќајот започна да се одвива по една лента, наизменично.
Според портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска во сообраќајката учествувале два автомобили. Увидна полициска екипа прави увид на лице место. Резултатите од увидот ќе треба да ги откријат причините како се случила несреќата.
И АМСМ информира дека на патот Градско – Прилеп кај место викано „Раец“, после сообраќајна незгода, од 9 часот веќе е воспоставен сообраќај по една лента наизменично./У.Ј