Измрзнаа плантажите со кајсии и лозовите насади во Градско
Измрзнаа лозовите насади на лозарите во селото Виничани. Студот што го зафати, ноќта во петокот спроти сабота , овој дел од вардарскиот регион ги измрзна и овошните насади. Овоштарите велат дека не останал плод на ниту една кајсија. Исто така не куртули ниту еден корен од засадениот бостан на нивите во општина Градско.
Земјоделците и овоштарите бараат помош од министерство за земјоделство.
Земјоделците, овоштарите и лозарите велат дека пропаднало целото планирано производство на раноградинарски производи, овошје и грозје во селата во општината.
-Не остана ниту едно овошно дрвце кое што ќе може да даде род.Кога рано утрината во саботата влегов во овоштарникот затеков тажна глетка. На врзаните плодови на овошките имаше по еден прст слана. Малку од врзаните плодови останало на гранките додека остатокот лежеше на земја. Сосема е измрзнат и засадениот бостан. Не гледам друг излез од ваквата состојба освен во државна помош. Јас го прехранувам семејството од тоа што ќе родат овошките и бостанот. Друг приход немам, рече Душан од селото Виничани.
Помош од ова село побараа и други земјоделци кои одгледуваат грозје, бостан, овошје и зеленчук. Слична е состојбата и во оптините Росоман и Неготино од каде земјоделците испракаат фотографии со штетата што им ја нансе студот во само една ноќ од месец април./У.Ј