Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Денеска заседаваше советот на општина Градско. Ја одржа втората редовна седница во чии рамки беа формирани повеќе комисии.

По повод денот на општина Градско, 16 декември советот одлучи да бидат доделени општински награди и тоа за најдобар наставник на Билјана Славева, најдобар ученик од прво до четврто одделение на Тоше Марков, од шесто до деветто одделение на  Билјана Велковска.  Награда за најдобар ученик од училиштето во селото Виничани ќе биде доделена на Христина Цекова, за најдобар средношколец на Марија Малчева, а за најдобар студент на Димова Катерина.

Наградите ќе им бидат доделени на свечената седница по повод денот на општината.

2 милиони денари општината има предвидено за изработка на урбанистички планови. Советниците ја нагласија неопходноста од носење на урбанистичкиот план бидејќи со години општината неможе да издава градежни дозволи.

Општината ќе распише тендер за избор на најповолна понуда за одржување на улиците и патиштата при врнежи од снег.

Беше усвоен акциониот план за енергетска ефикасност  на општина Градско за 2018 година, а со одлука се утврди  пазарната вредност на недвижниот имот за утврдување вредност на градежно земјиште.

„Неколку години не се носеше ваква одлука и не се вршеше прилагодување со методологијата за утврдување пазарна вредност на недвижен имот. Сега согласно со оваа одлука ќе има намалување на данокот на имот кој го плаќаат жителите на општината“ рече меѓу другото градоначалникот Роберт Бешовски./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.