Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

most2 fin

Големи оштетувања има еден од носечките столбови на мостот над Црна Река на вливот во Вардар во близина на Археолошкиот локалитет „Стоби“. Пукнатината во бетонот, широка повеќе сантиметри, се наоѓа под носечката платформа на која мине железничката пруга Скопје – Гевгелија. Горниот дел од мостот е попуштен и тоа е видливо со голо око. Платформата има благ нагиб помеѓу два носечки столба на мостот.  И тоа е причина зошто е запрено сообраќањето на возовите по пругата.

Патничкиот и товарниот сообраќај не функционира од саботата кога машиновозач на товарен воз со намалена брзина едвај преку мостот ја превезол композицијата.Тој забележал дека мостот попушта и ја видел пукнатината за што веднаш пријавил во ЈП „Македонски железници“.

И пред вчерашното соопштение на државното железничарско претпријатие дека во целост се запира сообраќањето на патничките и товарните возови на железничката пруга Велес – Гевгелија по пругата не минеле возови. Денеска кај мостот на Црна Река стигнале и стручни лица од Градежниот Институт и други експерти. Тие цел ден биле таму и сега се очекува да ги дадат насоките како мостот ќе се поправа и врати во стабилна состојба за да овозможи по него да сообраќаат возовите.

Се дури тоа не се случи во целосен прекин е домажниот железнички товарен и патнички сообраќај. Меѓународните возови од Србија до Грција се пренасочени преку Бугарија.

most3 fin

Се дури не се санира состојбата на мостот таа најмногу ги погодува домашните компании кои го користат солунското пристаниште за увоз или извоз на производи како и за снабдување со деривати.

Инаку, околу напукнатиот мост е видливо дека се исечени гранки и дрвја. Според изјави на обезбедувањето на Археолошкиот локалитет „Стоби“ од Црна Река долго време се ископувал песок. Со надоаѓањето на водата во речното исто така се поткопувал брегот на кој порано стоела бетонската платформа на распуканиот носечки столб на мостот. 

Од Македонски железници Инфраструктура уверуваат дека мостот брзо ќе се санира , за 15 до 20 дена, додека по брза санација за ограничена употреба на мостот стар 48 години не се обезбеди соодветна замена поточно изградба на нов мост, бетонски или челичен.    /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново