Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

GradskoBesovskisoucenici fin1

Ќе има ли повеќе лулашки и забавни паркови, што општината ќе стори со бројот на бездомни кучиња и како ќе обезбеди поредовен превоз за своите граѓани се само три од десетиците прашања што денеска учениците од ООУ „Даме Груев“ му ги поставија на градоначалникот Роберт Бешовски. Најинтересен момент од посетата секако беше влегувањето во кабинетот на градоначалникот каде вниманието најмногу го привлече фотелјата во која седнаа сите а голем дел од учениците посакаа кога ке пораснат да бидат градоначалник на Градско.

GradonacalnikBesovskisoucenici5 fin

- Ме изненадија со одговорите зошто сакаат да бидат градоначалник на општина Градско. Со тоа ми влеаа надеж дека граѓаните на општината не треба да се грижат за својата иднина кога раснат вака умни, амбициозни и интелигентни деца. Со своето неколку часовно присуство учениците ни ја разубавеа зградата, внесоа свежина и во исто време не поттикнаа на што поскоро аплицирање на наши проектни идеи со кои планираме да им го направиме уште поквалитетен нивниот живот во родното место, рече градоначалникот Бешовски.

GradskoBesovskisodeca2 fin

Тој ги пречека учениците на влезната врата на општинската зграда за потоа средбата со најмладите жители во општината да ја одржи во салата за седници на Советот на општината. Таму учениците прашуваа а градоначалникот преку одговори ги запознаваше со функционирањето и работата на општината, администрацијата, Советот, комисиите, органите и телата,

GradskoBesovskisodeca4 fin

Бешовски, исто така, одблизу и добро ги запозна со работата и ингеренциите на градоначалникот. Посетата на учениците од четврто одделение при ООУ „Даме Груев“ во Градско на општината беше иницирана од образовниот предмет Општество што тие го учат годинава./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново