Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ladilnikГрадско го доби првиот  откупен центар со ладилник. Тој е во функција на земјоделските производители. Изграден е со поддршка од ИПАРД програмата, а им влева надеж на земјоделците од овој крај дека проблемот со пласманот на земјоделските производи ќе биде минато.

„ Гледаме дека оди добро дека пласман има и дека сите се задоволни. Што  е најважно сите пари се исплатени до земјоделците за она што е откупено. Направено е по највисоки стандарди како што и бара ИПРД програмата. Она што е гордост, доколку ИПАРД 1 беше искористена само 17 % , сега за ИПАРД 2  програмата,  која има за имплементација уште две години,  веќе имаме дупло поголем процент на реализација, а мислиме дека до крај реализацијата ќе биде рекордна во регионот. Во моментот Република Северна Македонија има рекордна реализација на ИПАРД 2 програмата од сите земји во регионот“ вели вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска беше во посета на овој откупен центар заедно со министерот за земјоделство и со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.

Анѓушев информираше дека владата е во потрага по  инвеститори и за преработувачки капацитети на овошни и градинарски производи.

„Мора да се посветиме да се направат и преработувачки центри за храна за што веќе и во законот за финансиска поддршка ги вклучивме како област што сакаме да ја поддржиме од оваа година и интензивно разговараме со големи центри и ланци на снабдување од развиените земји  да направат центри за преработка на овошје и зеленчук“ додаде Анѓушев.

izjaviИ министерот за земјоделство, Трајан Димковски потенцира дека за македонските земјоделци ваквите откупни центри имаат големо значење.

„Борбата на самиот земјоделец не е само да се бори со пазарот туку и со времето. Ако денеска се обере праската мора и денеска да се продаде. Ова е начинот во кој може да се разлади да се складира и да отстои повеќе денови,  се со цел да се чека подобра цена и подобри услови на пазарот. Ваквите објекти треба да се градат и да се шират“ нагласи Димковски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Николче Бабовски информира дека со првиот повик на ИПАРД 2 програмата биле потпишани 947 договори во висина од 21,7 милиони евра. Од вториот повик биле потпишани 20 договори во висина од 2 милиони евра, а се обработувале апликации за уште 18 милиони евра. Бабовски нагласи дека во македонското стопанство од ИПАРД програмата на располагање биле ставени 40 милиони евра.

Компанијата „Ником“ во овој откупно дистрибутивен центар вложила 400 илјади евра сопствени пари, а од ИПАРД програмата добиле поддршка од 100 илјади евра.

„Ова е прв ваков објект во Градско и се надеваме дека ќе бидеме тука и наредните години да се откупиваат земјоделските производ.Вкупната инвестиција е 24 милиони денари, а од ИПАРД програмата сме поддржани во делот на разладните комори и партерното уредување со 6.200.000 денари. Тоа е голема помош за нас како стопанственици за развојот на фирмите. Ова е прв објект во Градско за откуп на земјоделски производи и се надеваме ќе бидеме тука и наредните години за да се откупуваат земјоделските производи“, подвлече Јанев.“ рече сопственикот Ристе Јанев.

Градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски со отоврањето на овој објект гледа и подобар економски развој на општината, но и посигурен пласман на земјоделските производи од овој крај.

Ангел Данов

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.