Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

KrvodariteskaakcijaGradsko fin

8.08.2020

Четириесет крводарители мажи и осум жени, денеска, даруваа крв на крводарителската акција што се одржа во Домот на културата "Крсте Петков Мисирков" во Градско. Од нив тројца беа млади и за прв пат ја подадоа својата рака.

- Крводарителите од општина Градско и овојпат ја докажаа својата хуманост на дело меѓу кои имаше и млади лица кои првпат даруваа крв. Благодарност за нивната хуманост да спасат нечиј живот во опасност, рече градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски.

Крводарителската акција ја организираа Општинската организација на Црвен Крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје за потребите на клиниките во Скопје и болниците низ државата.

Оваа крводарителска акција се организира пет дена пред традиционалната Летна крводарителска акција во Велес што на 13 и 14 август и годинава ќе се одржи во Ликовен салон Велес./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново