Првите количини на трпезно грозје од сортата кардинал веќе се најдоа на пазарот во Кавадарци. Цената за килограм е 50 денари. Тоа е цена со која се задоволни производителите, но стравуваат дека многу брзо цената ќе паѓа, како што е случај во минатите години.

„Новата Влада на СДСМ нема ниту еден проект, па во очај се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ“ реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на претседатело на СДСМ, Зоран Ѓорѓиев, на која информираше дека владата отстапи државно земјиште на општина Кавадарци за изградба на затворен пазар.

Тоа се граѓаните кои живеат во населени места во општината и пијат вода од селските чешми, локалните селски водоводи, природни чешми и бунари. Оваа информација ја соопшти Центарот за јавно здравје во Кавадарци по направените последни контроли во кои зеле примероци и анализирале вкупно 279 мостри вода за пиење. Од нив 48 примероци биле од селските локални водоводи. Од нив 12 покажале бактериолошка исправност бидејќи се вршело хлорирање на водата.

Претседателот на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Зоран Ѓорѓиев на прес конференција денеска информира дека владата предводена од СДСМ на вчерашната седница донела одлука за отстапување на државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар.


„Уште во првите два месеца од мандатот, граѓаните на Кавадарци ги чувствуваат придобивките од работата на новата реформска влада предводена од СДСМ и реализацијата на дел од ветувањата кои беа зацртани во програмата „План за живот во Македонија“. Со оваа одлука се решава еден децениски проблем на локалната заедница и на граѓаните на Кавадарци. Истовремено, оваа одлука позитивно ќе влијае на економскиот и социјален развој на Кавадарци и на целиот регион. Ова е само една од низата мерки и проекти кои се однесуваат на нашиот град и нашите сограѓани. Следуваат и други мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Кавадарци“ - рече Ѓорѓиев./A.Д

Кавадаречкиот совет денеска со 10 гласа „За“ и 6 „против“ даде зелено светло на годишниот план за вработување во општината. По две одлагања на овие точки советот денеска пред почетокот на редовната 59 та седница го одржа продолжението на 58-та.

Земјоделците од Тиквешијата кои ги наводнуваат своите површини да бидат внимателни кога во близина на површината која ја наводнуваат има далековод – апелираа денеска од МЕПСО АД.

Поврзани вести

Најново