Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На последната седница советот усвои нова,  изменета одлука која ги регулира правата и обврските на приватниот партнер кој ќе биде заинтересиран за јавно приватно партнерство со општината за нудење услуги за паркирање.

Како што се наведува во одлуката,  со доделувањето на клонцесијата приватниот партнер ја превзема и обврската да обезбеди неопходни предуслови за давање услуги за паркирање преку набавка на соодветна опрема.

Со договорот за концесија треба да се уреди и организира нов, модерен, автоматизиран начин на управување и контрола со уличното паркирање како и на паркирањето од затворен тип – зонско паркирање и паркирање во затворени паркинзи. Исто така со новиот начин на паркирање треба да се подобри сообраќајниот тек и да се постигне поголема безбедност на улиците, како и да се искористи секое паркинг место.

Проценетата вредност на договорот за концесија изнесува 269.922 евра , а договорот ќе  биде склучен за период од 10 години.

И во новата одлука е наведено дека постапката за доделување на договор за концесија за паркирање ќе биде спроведена  преку отворен повик, согласно законот за јавни набавки. Ќе се прифати најдобрата понуда. Концесискиот надоместок е предвидено да изнесува не помалку од 30.000 евра годишно, а ќе се плаќа месечно.

За успешно спроведување на оваа постапка градоначалникот формира и посебна комисија составена од претставници на власта  и на опозицијата.

На овој проект општината интензивно работеше и минатата година, но предвидените критериуми во одлуката за јавно приватно партнерство, како што беше објаснето биле строги и не прифатливи за приватен партнер кој треба да го организира паркирањето во Кавадарци. Сега се очекува изменетите критериуми да дадат и резултат, со избор на најповолна понуда./A.Д

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново