Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Oпштина Кавадарци и годинава ќе соработува со невладиниот сектор и со низа активности ќе ја помага работата на здруженијата и фондациите. Советот ја усвои програмата за подршка на НВО секторот која има за цел  унапредување на соработката преку воспоставување на механизми за соработка, поголема транспарентност и отчетност.

Програмата, како што велат од локалната самоуправа има за цел и да иницира  поголемо учество  на граѓанскиот сектор, преку негово директно вклучување во работењето на општината, да ја стимулира работата на НВО – Секторот и да   ги зајакне кадровските капацитети  на Здруженијата и Фондациите.

Во Општина Кавадарци има исклучително активен граѓански сектор кои делуваат во повеќе области и нивните активности и програми се во насока на подобрување на квалитетот на животните стандарди на граѓаните на Општина Кавадарци со придонес кон пошироката зедница.

Годинава е предвидено да се направи истражување за потребите на НВО секторот, проценка на потребите на невладините организации во општината за да се утврдат предностите, слабостите, можностите и ризиците на тековните програми за развој на граѓанските организации во Општина Кавадарци.

Се планира да се иразботи формален каталог на сите невладини организации во општината.

„Општината има во план да обезбеди услови за невладините организации за непречено функционирање преку отстапување на бесплатен канцелариски простор и опрема, со цел да се зајакне  нивната ефикасност и да се даде  придонес кон локалната заедница. Во програмата се предвидени 800.000 денари за опремување на НВО центарот од кои 50% обезбедени од Локална Самоуправа Кавадарци а 50% од УНДП“ рече градоначалникот Александар Панов.

Општина Кавадарци ќе обезбеди поддршка на здруженија и фондации преку ставање на располагање на сопствените човекови ресурси за давање на информации и стручна помош, како и за толкување на правна рамка која се однесува на ингеренциите на локалната самоуправа, а која е од интерес на здруженија и фондации./А.Д

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново