Хакер од Велес уценувал кавадарчанец
Објавено на 29 февруари, 2016 во 14:19
Му се заканувал дека ќе објавува фотографии и пораки од неговиот профил доколку не му испрател лозинки од фејсбук страници со над 30 илјади лајкови или поени за компјутерска игра.
Против шеснаесет годишен велешанец полициска станица со општа надлежност Кавадарци поднесе посебен извештај за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Кривичното дело, шеснаесет годишникот се сомничи дека го сторил пред 3-4 месеци.
Тој ја пробил лозинката од имејлот на оштетениот, со кој бил регистриран на Фејсбук и ја превзел администрацијата над неговиот профил. Почнал да го уценува дека ќе објавува фотографии и пораки од неговиот профил ако не ги исполни неговите барања во врска со компјутерската игра ГТА./Д.С