Кожувчанка и Игор Иџе Стефановски во акција за едукација на младите
Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци заедно со двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски ќе ги советуваат и едуцираат младите за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата се реализира под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“.
Утре во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци Иџе ќе ги посоветува младите да се насочат и да го изберат вистинскиот пат, спортот.
Истрајност, храброст и труд но пред сè фер плеј, како во сообраќајот така и во спортот е она на кое што инсистира шампионот. За почист воздух во Кавадарци, Игор Иџе Стефановски е планирано да насади садници и со тоа даде позитивен пример на младите кавадарчани.
Покрај обраќањето на Иџе, присутните ќе можат да се дружат со Шампионот и фотографираат, да пробаат да возат на виртуелните симулатори од академијата на Стефановски.
Изминатите недели караванот ги посети Прилеп, Битола, Ресен и Охрид./A.Д