Одбележан светскиот ден на здравјето
Здравствените работници од ЈЗУ Општа болница Кавадарци денеска го одбележаа светскиот ден на здравјето. Годинава одбележувањето е под мотото „Да го победиме дијабетот“.
Директорот на болницата, д-р Орце Ангеловски осврнувајќи се на дијабетот како болест од која страдаат 60 милиони луѓе во Европа нагласи дека меѓу причините за појава на шеќната болест се дебелината, нездравата исхрана и физичката неактивност.
На свечената седница беа доделени јубилејни награди и благодарници. Миле Пендев, возач на синететско возило доби награда за 20 годишна работа во кавадаречката болница. Благодарници за успешна соработка директорот на болницата д-р Орце Ангеловски им подели на „Инел интернационал“ , „Кожувчанка“, и Алијанс уан“.
„Алијанс уан донираше апарат за физикалната амбуланта. Нашата болница набави и нов апарат за протокот на крвните садови кај дијабетичарите. Со овој апарат ќе се подобри лекувањето на луѓето со дијабет“ рече д-р Ангеловски./А.Д