Пинк ѕвездикчката Трајче Георгиев им порача на своите врсници „Не за дрогата“
„Кажи не на дрогата, избери го патот на успехот“. Ова е пораката што денеска им беше пренесена на ученици од ООУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци.
Советот за превенција од малолетничко престапништво и училиштето домаќин реализира уште едно од низата советувања за учениците. Заедно со своите врсници на оваа осетлива тема разговараше и пинк ѕвездичката, Трајче Георгиев, идиол на младите.
Претседателот на советот за превенција од малолетничлко престапништво и инспектор за превенција Димитар Каракулев, рече дека целта е младите да се оттргнат од сите пороци на денешницата, и да ги слушнат примерите на своите врсници кои го избрале патот на успехот.
„Не е лесно да се биде успешен. Потребно е труд и залагање, но кога се сака се е достижно. Изберете музика или спорт, зависно од вашите афинитети, но бегајте од пороците“, им рече идолот на младите, Георгиев./А.Д