„Шарената револуција“ бара затвор за сите од власта што сториле криминал
„Ќе лежите в затвор за сите сторени криминали, за сите уништени човечки судбини, за секоја исплакана солза. Половична аболиција не прифаќаме . Ќе си одговарате за сите украдени милјарди, и не само што ќе одговарате туку ќе ги вратите парите назад. Ќе одговарате за секое убиство, за секоја навреда, за секоја клевета“ и порачаа на актуелната власт вечерва кавадарчани кои ја подржуваат „шарената револуција.
Масовно и вечерва тие излегоа на протест. Повторно се маршираше од катастарот,низ улица „Илинденска“ до градскиот плоштад каде демонстрантите фрлаа со боја на фасадата од општинската зграда. „Белизе бенд“ исто така беа присутни на протестот. Преку преработка на познати македонски песни упатија порака до поранешниот премиер Никола Груевски, дека ќе одговарал за сите непочитувања на законот.
Прв на протестантите им се обрати советникот во кавадаречкиот совет, Сашко Петров. Тој нагласи дека опозицијата во изминатите 10 години им укажувала на граѓаните дека оваа власт ја воделе државата во темнина и бездна.
„Немојте да заборавите, ние граѓаните од шарената револуција, различни по професија, по пол, по вера, по политичко убедување сме надежта кај поголемиот дел од граѓаните. Непочитувањето на Уставот и законите. Непочитувањето на работата на СЈО, непрочистувањето на избирачкиот список, неповлекувањето на амнестијата од страна на Иванов, зависноста на медиумите ќе значат нови протести, нови бунтови, тоа ќе значи живот на улица„ рече Петров.
Според него поголемата работа во остварувањето на правдата била завршена. Ќе се победел криминалот и корупцијата затоа што ќе имало процесуирање на предметите покренати од СЈО, затоа што ќе имало меѓународна проверка на избирачкиот список, затоа во затвор ќе оделе сите кои се огрешиле кон законот. Победата ќе дошла на фер и демократски избори.
Петров побара јаво извинување од градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов бидејќи изнел погрдни зборови кон подржувачите на шарената револуција.
„Немојте јавните инстуции да ги користите за подготовка а контра протестите на ГДОМ. Домот на културата не треба да служи за пишување на пароли за контра протести, туку за културни манфифестации. Престанете да ги влечите директорите на институциите на контра-протести„ рече Петров.
Ленче Николовска им се обраќаше на земјоделците. Ги советуваше да не верувале во лагите дека ако се сменела власта ќе биле запрени субевнциите. Напротив, рече таа, субвенциите ќе се исплаќаат и тоа во време кога им се најпотребни на земјоделските поризводители.
„Субвенциите не ви ги даваат Груевски или Стваврески од џеб. Тие ги имате со закон и ќе ги имате без разлика кој е на власт. Сточарите субвенциите треба да ги добивате после жетва за да купите поветина добиточна храна. Лозарите и овоштарите во февруари, пред да почне интензивната работа во овоштарниците и лозовите насади. Само така субвенциите можат да имаат развојна компонента. Но земјоделството не е само субвенции. Тоа треба да се следи , прогнозира и известува на време. Главен интерес беше како да ги злоупотребат субвенциите и да ја искрадат државната земја. МЗШВ е буквално параван на Никола Груевски за крадење на земјоделските субвенции. Милиони евра завршувале кај фирми и луѓе блиски на власта, кај Орце Камчев, Сеат Кочан, кај Ќире Шошев. Прво добивале земја а потоа ја прјавувале за субвенции.“ рече Николовска и нагласи дека таква земја добивале пртеници.
Нагласи дека таква земја имала земано и пратеничката од Кавадарци, Весна Пемова и нејзиниот сопруг, а најмногу лошо на земјоделците им направиле раководителите на подрачните единици на МЗШВ, како Илија Србиновски во Битола и Зоран Шалев во Кавадарци. Добивале земја, а за да се оддолжеле на партијата се заканувале дека ќе ги укинат субвенциите, сето тоа го правеле со помош на т.н лидери на земјоделците, Тандареов, Шаклев и Аризанов. За сето тоа актуелната власт ќе сносела одговорност, потецира Николовска.
„ Последниве десет години ги поевтинија и уништија сите професии, доктори, работници, професори, земјоделци, пензионери. Нема професија што неја поевтинија. Сите тие за Груевски се само целна група за избори и ливчиња во избирачките кутии“ додаде Николовска.
Според неа веднаш по затворањето на А1 телевизија власта си го покажала диктаторското лице.
„ Протстираме против корупцијата, против криминалот, против неправдата, протестирам за подобро утре. Врхушката на власт на чело со Груевски го уништи човекот во нас. Не направија човеќиња кои можат да ги влечат за уши. Младите и образовани луѓе ги направија емигрантиво поселдните 10 тина години се иселија над 600 илјади чуѓе. Слободоумните ги направија атвореници. Здравствеите институции ги направија згради на смртта. Нормалниот живот во пекол, уставот и законите ги показија државата ја урнисаа, затоа протестирам“ рече Пеце Мирчевски од СДСМ.
Тој пред кавадарчани нагласи дека сето ова морало да заврши со победа на граѓаните. СЈО морало да продолжи да работи без притисоци.
„ Ќе се бориме се додека не победи правдата, која граѓаните ја бараат на улица. Протестираме низ 23 града во Република Македонија“ додаде Мирчевски.
И деветиот протест заврши мирно без инциденти.
Ангел Данов