ФЗОМ во посета на стоматолошки ординации во Кавадарци
Матичните стоматолози добиваат повисока цена за капитационен бод, рече денеска директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски кој беше во посета на неколку стоматолошки ординации во Кавадарци. Покачувањето кое започнало од јануари годинава го чинело фоднот дополнителни 76 милиони денари.
„ Веќе половина година се исплаќа зголемена капитација за 5 денари, Сега се исплаќаат по 40 денари. Тоа за ФЗОМ значи трошок од 76 милиони денари. Тоа е значителна сума што ја издвојувме за да дадеме инпут во подобрувањето на финансиската состојба и подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги или на годишно ниво ФЗОМ издвојува околу 600 милиони денари за матичните стоматолози кои што имаат договор со Фондот преку кои се прикрепени еден милион и триста илјади здравни осигуреници, кои имаат избрано матични стоматолози.“ рече Стефановски.
Тој нагласи дека ФЗОМ ја почитувал обврската за навремено исплаќање на средствата до матичните стоматолози, а додаде и дека новите анекси на договори значително ќе ги релаксирале казнените одредби и го имплементирале инструментот опомена, доколку некоја ординација се огреши во делот на административните постапки кон ФЗОМ.
„Остануваме на тоа што го најавивме. Од 1 јули стартува зголемувањето на каитациониот бод за матичните лекари но за тоа дополнително ФЗОМ ќе ја инфомира јавноста“ рече Стефановски./А.Д