Нарушен биодиверзитетот на реката Луда Мара
Дваесетина дена коритото на реката Луда Мара е речиси без вода. Го нема ниту биолошкиот миниум кој согласно закон е потребен да протекува. Екологистите го кренаа својот глас. Реагираат и жителите на Ваташа, но и кавадарчани. Бараат итна интервенција на инспекциските служби и останатите надлежни структури да се реши овој проблем пред целосно да се уништи флората и фауната во реката.
Граѓаните кажуваат дека веќе се бележи сушење на јаворовите стебла и останатиот растителен свет.
Денеска е пуштена помала количина на вода од под шталата во Ваташа по течението на Луда Мара до градот, но сеуште нема вода во горниот дел и кај брана Моклиште.
„ Рибниот фонд едвај да го има, а од ракови ниту р.немаше. Кој ќе одговара за несовесното уништување на биодиверзитетот во реката, која претставува природно богатство на Кавадарци. Надлежните да излезат со податоци и кривични, а не да мочат“ реагираа екологистите од „Еко Живот“./ А.Д