Кавадарци и Воден со заеднички проект во подршка на бизнисот во двете општини
Општините Кавадарци и Воден (Едеса) од Република Грција ја продллабочуваат прекуграничната соработка. Со новиот проект кој започна да го реализираат ќе го помагаат бизнисот во двете општини.
Денеска во винарската визба „Тиквеш“ се одржа бизнис работилницата „Кластер на конкурентноста“ која е дел од активностите на проектот „Бизннис информативен и иновативен центар и МИЦЕ акција“ основани од Европската Унија и од Национални Фондови од земјите учеснички во ИПА Меѓународната програма 2007-2013.
Во Кавадарци интензивно се работи на подготовка на канцелариите на бизнис информативниот центар кој ќе биде лоциран во поткровјето од библиотеката „Феткин“.
Раководителот на секторот за локален економски развој, Тодор Ефремов информира дека проектот кој го реализираат Кавадарци и Воден е со вредност од 250 илјади евра и ќе се спроведува до крајот на 2017 година.
“Најголем дел од буџетот на проектот е наменет за изградбата на бизнис информативниот ценатр. Ќе бидат отворени шест канцеларии од каде ќе им се дава подршка на новите претприемачи“ рече Ефремов.
Од досегашната соработка со Кавадарци задоволство искажа директорот за туризам во општина Едеса, Евангелос Киријаку. Оцени дека мошне успешно биле реализирани претходните проекти со општина Кавадарци.
Александар Ристовски претседател на кластерот за туризам во тиквешкиот регион и менаџер за туризам во вв „Тиквеш’ рече дека ќе се развиваат заеднички стратегии со Едеса за искористување на заедничките ресурси со кои располагаат двете општини. Се надева дека оваа иницијатива за бизнис соратотка ќе ја препознаат и другите субјекти во туризмот.
„Туризмот во Македонија неколку години бележи убави резултати. Имаме зголемен број на туристи, згоелемен девизен прилив и тоа ни дава за право да продолжиме понатаму да се фокусираме на развој на туризмот. Изготвена е стратегијата за развој на туризмот . Тиквешкиот регион со винските патишта зафаќа добар дел од туристичката понуда на Република Македонија“ рече Беким Хаџиу раководител на секторот за туризам и угостителство при министерството за економија, обраќајки се пред пристутните на работилницата.
Ангел Данов