Кавадарчечкото семејство Симонови, вчера, гласаше во Италија
Објавено на 11 декември, 2016 во 14:00
Кавадарчани и струмичани кои работат во Италија, вчера гласаа во конзулатот во Местре, Венеција. Оваа фотографија направена пред конзулатот ни ја испратија семејството Симонови од кавадаречкото село Возарци. На сликата се заедно со соседи струмичани.
– Ние сме овде поблиску а и други Македонци кои работат во Пјаченца, Тренто, Александра, Торино, Анкона, дојдоа да гласаат. Тие дојдоа со автобуси и автомобили, ни рече Стојанка Симонова.
Нејзиното семејство има лозја и винарија во Македонија, па кога ги прашавме што чекуваат после изборите, ни рекоа дека се надеваат на подобри денови за лозаровинарството.
Ангел Данов