Кавадарци ќе субвенционира набавка на плински уреди за казаните за ракија
Производителите на ракија во домашни услови од општина Кавадарци кои ќе набават горилник на плин за своите казани ќе добијат надоместување на дел од трошоците. Општината вчера го објави јавниот повик и кавадарчани можат да аплицираат.
Од општината објаснуваат дека овие субвенции ќе бидат исплатени заради стимулирање на граѓаните за користење на обновливи извори енергија кои минимално го загадуваат воздухот и не влијаат на климатските промени. Средствата што ке ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 5.000 до 10.000 денари во зависност од уредот кој ке се набави.
Право на учество на овој јавен повик имаат граганите на територијата на Општина Кавадарци, кои ке купат горилник на плин во наредниот период и ке поднесат барање за искористување на правото за надоместок.
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок, а барањата се доставуваат заедно со потребната документација во затворен плик на адреса на општина Кавадарци или пак во архивата.
Исплатата на средствата ке се врши во континуитет, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот Буџет за оваа намена кој изнесува 600.000 денари./А.Д